Во соработка со ИН Продукција, Татијана Стефановска изминатиов период сними уште еден спот кој што ќе биде промовиран во најскоро време. Како што вели во интервјуто, нејзините очекувања се и оваа песна да биде добро прифатена од народот, посебно од нашите македонци во странство.

Во текот на месец март се очекува да биде промовирана најновата песна на Татијана Стефановска, за која што веќе е изработен спот со ИН Продукција. Како што открива таа во неодамнешното интервју за ИН ТВ, станува збор за нешто поразлично кое што верува дека ќе биде одлично прифатено од јавноста, посебно од македонците кои живеат надвор од границите на Македонија.
-Да, подготвувам нешто ново, но не сакам многу да откриваме. Станува збор за нова песна и нов спот кој што најверојатно ќе го промовираме на почетокот или средината на месец март. Една друга тема, многу различна од оваа што сега ја прикажуваме. Да не откриваме за да имам повторно повод да дојдам. Тоа ќе биде нешто што верувам дека многу убаво ќе го прими народот, а посебно нашинците кои се во странство.-открива Татијана за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, годинава започна доста интересно и со бројни ангажмани за познатата фолк пејачка. Татијана на почетокот од 2020-та година промовираше спот за песната “Избери”, со која што е актуелна периодов бидејќи станува збор за доста убава и динамична песна, а оствари и едно гостување во Шведска заедно со колегите од групата Оскар од Битола.
За следниот период се најавени голем број настапи низ земјава, но и снимање на нов материјал.
