Солистичкиот албум на Даниел Сидовски ќе содржи песни во модерен стил

Please follow and like us:
Pin Share

Првиот солистички албум на Даниел Сидовски ќе содржи песни во помодерен стил. Како што вели тој, албумот ќе биде комплетиран во месец април, а неговата цел е преку песни да допре до помладата популација.

Фронтменот на група Респекти, Даниел Сидовски во неколку наврати го најави неговиот прв солистички албум. Тој во интервју за ИН ТВ открива дека песните кои што ќе се најдат на албумот ќе бидат во поп, поп фолк, односно во помодерен стил. Планирано е да има осум песни, а според него би требало да се комплетира во месец април.

-Сакам да се пробам, со оглед на тоа што е прв албум, нешто да биде помодерно како поп или поп фолк некој стил каков што изградив јас лично самиот, па така веќе ме препознаваат и луѓето кои доаѓаат кај нас на свирки. Албумот ќе биде така нешто во поп стил, би требало до половината на април, јас до тогаш си давам максимум фора. Ќе има осум песни од кои едната ќе биде Те сакам”, таа ќе биде носечка на албумот бидејќи ми е прва песна и заслужува да биде носечка. Мислам дека осум песни се доволно, па тука некаде ќе се задржам, осум до девет песни да има на тој прв албум. Некаде до 15-ти април би требало да излезе.-истакна Сидовски, за гледачите на ИН ТВ.

Текстот и музиката за песните од албумот ќе ги направи Даниел, а за аранжманот ќе биде задолжен Љупчо Соколовски.

-Бог ми дал малку талент во нешто ете, да земам да напишам некој текст. Досега имам веќе за пет песни изработено текстови, не откривам многу само ќе кажам дека има љубовни и журкаџиски. Пет се завршени, уште три сакам да ги дозавршам за брзо, затоа што сега имам така малку период, иако сме турбо со свирки. Јас ќе бидам текстописец на скоро сите песни, музиката, а за аранжман мислам дека со Љупчо Соколовски сеуште ќе ги работам во студио ”City Sound”.-додава тој.

Инаку, Даниел и група Респекти деновиве ја промовираа нивната заедничка песна која носи наслов “Свирете за зетот”. Станува збор за песна со свадбарска тематика, доста весела и динамична која што доби низа позитивни коментари од јавноста и нивните фанови. Како што најавија при гостувањето во ИН ТВ, деновиве ќе биде изработен и спот за оваа песна кој што ќе биде во соработка со ИН Продукција.

Во продолжение уживајте со неговото првенче “Те сакам: !

Please follow and like us:
Pin Share