“Прости ми сине” од Игор Андреевски буди доста емоции

Please follow and like us:
Pin Share

“Прости ми сине” е насловот на новата песна од младиот и талентиран пејач Игор Андреевски, кој воедно е автор на музиката и текстот, а аранжманот го направи неговиот колега Дарко Дамевски. Станува збор за доста емотивна песна која што ја претстави во студиото на ИН ТВ во Охрид.

Игор Андреевски пред само краток период промовираше нова песна која носи наслов “Прости ми сине”. Зад музиката и текстот се потпишува Игор, а аранжманот е на неговиот колега Дарко Дамевски.

Како што изјави Игор за естрадниот магазин Естрада плус, песната “Прости ми сине” буди доста емоции, а во неа се зборува за мајка која во нејзината младост го напуштила својот малечок син. Нивната средба доаѓа после многу години, кога таа бара прошка од него. Празнината која што синот ја чувствува во себе, ја кажува со зборовите: “Деновите поминати со мајка, не може со ништо да се надополнат, а за грешките-само Господ е тој што суди и простува”.

Игор песната ја промовираше пред Новогодишните празници, кај неговите соработници од ИН Продукција.

Инаку, тој неодамна го претстави  неговиот прв спот за песната “Спомени”, а за периодот кој следи планира да комплетира и солистички албум.

Please follow and like us:
Pin Share