„Биди внимателен“ : НОВ ХИТ од студиото на Наум Долоски-Мече

Please follow and like us:
Pin Share

Змејко и Багзи го објавија нивното заедничко дело „Биди внимателен“. Песната е изработена во студото “MeckaWarriorProduction” кај Наум Долоски-Мече.

Младите рапери Марио-Змејко и Срџан-Багзи од Охрид деновиве го промовираа видео записот за нивната заедничка песна која што е насловена „Биди внимателен“.

Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид, а со овој интересен проект, двајцата музичари испраќаат јасна порака до луѓето, секој еден човек да внимава на неговите постапки во животот.

Песната и видеото се снимени и изработени во добропознатото студио “MeckaWarriorProduction” во Охрид кај познатиот рапер и композитор Наум Долоски-Мече.

Инаку, песната „Биди внимателен“ е само еден почеток на она што допрва ќе следува од нив, а тоа се секако уште бројни заеднички проекти.

Please follow and like us:
Pin Share