По шпекулациите за разводот, Северина со една објава им ја затвори устата на хејтерите

Please follow and like us:
Pin Share

Веќе подолг период низ медиумите кружат гласини дека познатата пејачка Северина се разведува од сопругот Игор Којиќ.

Имено, овие шпекулации започнаа откако хрватската пејачка на „Инстаграм“ го отстрани презимето Којиќ. Во српските медиуми веднаш започнаа гласини дека дошол крајот на бракот на Северина и Игор Којиќ.

Меѓутоа, таа со една објава на социјалните мрежи ги демантираше овие пишувања и им ја затвори устата на хејтерите.

Имено, таа објави заедничка фотографија со сопругот, а во описот ја цитира својата песна „Мил мој“ и ги додаде своите препознатливи хаштази „сакам што се сакаме“ и „љубовта со љубов се враќа“.

Please follow and like us:
Pin Share