Гоце Петрески издаде албум, а веќе подготвува нов материјал

Please follow and like us:
Pin Share

Гоце Петрески Бананата пред извесен период го издаде неговиот нов албум. Тој во интервју за ИН ТВ открива дека во моментов подготвува нови песни.

Познатиот пејач Гоце Петрески-Бананата имаше уште една успешна година зад себе. Тој е познат по тоа што секогаш наоѓа време да сними нешто ново, нови песни за неговите фанови. 2019-та година ја заокружува со неколку нови песни и албум. Како што вели во моментов работи на промоција на албумот, но во меѓувреме снима и нов материјал.

-Работиме на новиот материјал, со музиката е така, активно цело време и мора да има нешто ново. Се надевам дека ќе им се допадне на слушателите и гледачите, ќе се претставам наскоро со некои нови песни. Сега сеуште го промовирам албумот, веќе излезе на електронските медиуми, а излезено е и сд-то. Тоа излегува, а веќе снимаме нешто ново.-истакна Гоце, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

За Новогодишната ноќ, Гоце ги забавуваше гостите во “Dolton House” заедно со неговите колеги од Македонија, Благојче Стојановски-Туше и младиот Ташко Каранфиловски.

На први февруари, Петрески ќе биде специјален гостин на македонската забава која што ја организира сателитската ИН ТВ, кога воедно ќе се избираат најуспешните лица и здруженија во Мелбурн.

 

Please follow and like us:
Pin Share