Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд пристигнаа во Америка

Please follow and like us:
Pin Share

Едни од најбараните бендови на нашите простори, но и надвор од земјава, Енерџи бенд, како и нивниот фронтмен Ѓоко Јовиќ, пристигнаа во Америка. На 31-ви декември со нивниот настап за Дочекот на 2020-та година во Детроит, ја започнуваат турнејата во Америка.

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд пристигнаа во Америка, каде што на огромно задоволство на сите македонци кои живеат таму, ќе остварат уште една голема турнеја. Момците ќе одржат неколку концерти во повеќе градови каде што ги има нашинците, а веќе е се подготвено и за нивниот настап на Новогодишната Ноќ, 2020-та година Ѓоко и Енерџи бенд ќе ја дочекаат во Детроит.

Тие се надеваат дека ќе имаат уште една успешна турнеја, а како што истакна Ѓоко во неодамнешно интервју за ИН ТВ, по враќањето од Америка, следува и Австралиска турнеја.

-Најпрво одиме за Америка, па потоа за Австралија. Новата година ќе ја дочекаме таму во Америка, со Господ напред во Детроит. Штом ќе си дојдеме, ќе имаме отприлика десетина слободни денови за нашата фамилија и после тоа заминуваме за Австралија.-истакна Ѓоко во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Ѓоко Јовиќ  и момците од Енерџи бенд, веднаш штом пристигнаа во Бостон, се вклучија директно на социјалните мрежи и им ги честитаа Божикните празници на сите нивни пријатели.

Merry Christmas to all my friends ❤❤🥰🥰🥰

Gepostet von Gjoko Jovik am Dienstag, 24. Dezember 2019

Инаку, Јовиќ пред само неколку денови го објави спотот за емотивната балада која што носи наслов “Ти си моја жена”, а видеото веќе има над 54 000 прегледи на јутјуб каналот.

Музиката и текстот за “Ти си моја жена” се дело на неговиот пријател и соработник Бане Опачиќ, а аранжманот го направи Сашко Николиќ.

Во продолжение уживајте во неговата нова песна !

Please follow and like us:
Pin Share