Поради неговата поранешна сопруга Ана Николиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста изгубил 120.000 евра.

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста изгледа ќе загуби 120.000 евра, кои ги вложил во изградбата на куќата во една белградска населба, сакајќи да и’ ја исполни најголемата желба на тогашната сопруга, поп-пејачката Ана Николиќ и да живеат во голема куќа.
Плацот го купиле во цутот на својата љубов, а изградбата почнала пред две години. Кога екипата на српски „Курир“ го посетила имотот во март 2018 година, вилата била готова до половина, со поставени прозорци и допола изградена фонтана во дворот, а таква е состојбата и сега, по разводот на популарната двојка, што значи дека Раста не планира да живее сам во неа.
-Кога Стефан се ожени со Ана, се договорија да живеат во помирен дел од градот. Брзо го најдоа плацот, го купија и почнаа со издрагба. Планираа куќата да има три ката, да содржи спа-центар и музичко студио. Тој има пари и тие не претставуваа проблем, па веднаш вложи околу 100.000 евра за материјалот и ги исплати сите мајстори. Кога тој и Ана се разделија првпат, изградбата запре, по смирувањето одлучи да продолжи и тогаш ги купи прозорците и вратите и почна со ѕидање на базенот во дворот. Меѓутоа, кога официјално се разведоа, повторно запре изградбата“, раскажува изворот за svet.rs.
