Ќе ве наежи : “Се вратив сине” Влатко ја посвети на македонците кои живеат надвор од родната земја

Please follow and like us:
Pin Share

Влатко Миладиноски посвети песна на сите македонци кои живеат надвор од родната земја. “Се вратив сине” доби и спот, кој се снимаше во Швајцарија, а дел и во Македонија.

Голем број Македонци, поради одредени причини заминале од родната земја, но со намера и сон да се вратат назад да живеат и творат во Македонија. Каде и да се, низ светот, повеќето од родителите сакаат нивните деца да ги оженат во родната земја. Токму ова, го отпеа познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски во неговата песна “Се вратив сине”.

За оваа песна, тој сними и спот во соработка со ИН Продукција. Снимањето се одвиваше во неколку градови низ Швајцарија, но и на планината Козјак.

-Тоа беше и целта, да биде со такви кадри и такви моменти, има доста македонци кои што живеат тука, има доста и како нас кои поминале и виделе, така да и тоа ќе и даде своја симболика на песната, која што е опеана приказна на секој еден македонец што живее некаде по овој бел свет.-истакна Миладиноски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Со оглед на тоа, што песната има доста емотивен текст и е посветена на сите македонци кои живеат далеку од родната Македонија, Влатко се надева дека многу нашинци ќе се пронајдат во песната.

-Доста емотивен текст има песната, приказна за многу македонци кои што живеат насекаде по светот. Се надевам дека со спотот ќе се оформи таа цела приказна да можат и физуелно и преку аудио да ја слушнат и верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во таа приказна што јас ја имам отпеано.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, песната “Се вратив сине” е сместена на третиот студиски албум на Влатко. Музиката и аранжманот се дело на неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески.

Спотот беше неодамна промовиран на сателитската ИН Телевизија, а може да го погледнете и на јутјуб каналот.

Please follow and like us:
Pin Share