“Дај вино брате” е првенчето на Мартин Стојаноски

Please follow and like us:
Pin Share

“Дај вино брате” е првата песна од младиот пејач Мартин Стојаноски. Комплетен автор на песната е Гоце Костоски Пејак, а снимена е во студиото Просаунд. Мартин се надева дека ќе биде добро прифатена од јавноста.

Мартин Стојаноски во студиото на ИН Продукција деновиве го промовираше своето првенче. Станува збор за неговата прва авторска песна која што е насловена “Дај вино брате”, на која како комплетен автор се потпишува Гоце Костоски Пејак, а песната е снимена во студиото Просаунд кај Славко Ристески.

-Песната носи наслов Дај вино брате, тоа е мојата прва авторска песна па би сакал да ги кажам и авторите. Гоце Костоски Пејак е автор на целата песна, дувачките инструменти ги свири Кире Мената од Прилеп, а снимена е кај Славко. Мислам дека испадна добро, песната е навистина убава. Во брз ритам е, весела песна токму за подгревање на Предновогодишната атмосфера. Искрено се надевам дека ќе биде добро прифатена кај јавноста.-истакна Стојаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Мартин е добропознат на јавноста и по неговите настапи низ локалите, рестораните низ целата земја, а во следниот период му претстојат и неколку ангажмани надвор од земјава. Како што ни откри тој во интервјуто за ИН ТВ, за Дочекот на Новата година ќе настапува во Германија заедно со Анета Наковска. Таму ќе остане скоро пола месец и ќе оствари уште неколку настапи пред нашите македонци кои живеат во Германија.

Во продолжение погледнете го видеото !

Please follow and like us:
Pin Share