“Напишав песна” : Нова емотивна балада на Наум Петрески

Please follow and like us:
Pin Share

“Напишав песна” е новата емотивна балада од легендарниот македонски пејач Наум Петрески, која што ја претстави на официјалната промоција која се одржа викендов во Скопје. Песната е во малку поразличен стил од останатите негови песни.

Преку официјална промоција, на неговиот 53-ти роденден, во убава атмосфера во ресторанот Лантерн, грлото ненадпеано Наум Петрески ја промовираше неговата најнова песна која што носи наслов “Напишав песна”. Станува збор за доста емотивна балада која што е во поразличен стил од она што досега сме навикнале да го слушаме од него.

-Најпрво би сакал да им се заблагодарам на сите присутни, пријатли, другари, роднини, соработници и една голема Благодарност до помагателот во нашата нова фамилија Еко циркон , голем помагател на македонската музика. Уживајте сите во новата песна, бидејќи вреди навистина.-изјави Наум на промоцијата.

Текстот и музиката се дело на Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Овој типичен забавњачки двоец веќе неколку години соработува со Наум, кој потврди дека за балади им верува само на забавњаците и рокерите.

-Наум пред триесет години праша…Има ли песна? Мислам дека е сеге време да Напишам песна, а ова не е автобиографска песна, значи нема ништо тука се е измислено. Така да, се надевам оваа песна ќе ви се најде на многу заљубени, на многу на кои евентуално не им оди во љубовта се  надевам дека ќе се најдат во песнава. Инаку да ви кажам дека да не беше Наум Петрески, мислам дека јас и Дарко на крај памет не би ни било дека некогаш во животот ќе правиме фолк музика. Мислам дека Наум беше преголема мотивација, преголема инспирација, ова ни е веќе шестта песна, а се надевам дека ќе има уште многу. Среќен Роденден и пријатна забава.-вели Темелков.

На промоцијата беше присутен и Сашо Митков, првиот човек на издавачката продукција ”Aword”, со кој што Наум соработува скоро цела деценија. Тој во неговото излагање му посака среќа на Наум и најави уште неколку заеднички проекти во следниот период.

 

Please follow and like us:
Pin Share