Двајца виртуози со две заеднички ора-Димитар Митревски и Спире Јовановски најавуваат албум

Please follow and like us:
Pin Share

“Маестрална плетенка” и “Битолско Жикино” се двете најнови ора на Димитар Митревски и Спире Јовановски. Ова е само мал почеток на тоа што ќе следува во скоро време, а тоа е нивниот заеднички албум.

Димитар Митревски кој свири на хармоника и Спире Јовановски на кларинет, во студиото на ИН Продукција ги претставија нивните две заеднички инструментални ора “Маестрална плетенка” и “Битолско Жикино”. Со овие дела, тие воедно го најавуваат албумот кој ќе следува во најскоро време.

-Со овие две ора сакаме да го најавиме и нашиот албум. Започнуваме со овие две ора, а потоа ќе следат уште шест кои ќе бидат со видео записи. Првото оро се вика Маестрална плетенка, а второто оро е Битолско Жикино”. Едното е концертно оро, бидејќи и ритамот е таков 13/16, другото е за свадби како Жикино оро, свадбарско.-истакна Митревски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Двете инструментали ора се авторски дела на овие двајца млади виртуози, а со оглед на тоа што се во брз и весел ритам, тие се одличен подарок за гледачите и јавноста и полн погодок за престојните Новогодишните и Божикни празници.

-Станува збор за наши авторски ора, македонски пред се, прекрасни мелодии. На дел од нив како автор се јавува Димитар, а на дел сум јас, за аранжманот се погрижи Димитар.-вели Јовановски. за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Спире Јовановски е член на групата “Плетенка:, а Димитар Митревски е дел од “Оркестар Фаворити”-Битола.

Please follow and like us:
Pin Share