“Болеро” беа главен бенд на хуманитарниот концерт во Швајцарија

Please follow and like us:
Pin Share

Момците од Болеро бенд цела вечер ги придружуваа македонските пејачи кои што настапија на хуманитарниот концерт во Швајцарија кој што се одржа викендов во Паерн. Тие во Швајцарија пристигнаа еден ден порано, со цел да се наместат на сцената за се да биде како што треба.

Христијан Божинов-Кико важи за еден од најдобрите машки вокали во земјава и е доста баран како во Македонија, така и надвор од нашите граници. Тој изминатиот викенд заедно со Болеро бенд престојуваше во Швајцарија по повод големиот хуманитарен концерт организиран од Македонското друштво “Пирок”. Болеро беа главниот бенд на забавата кој што ги придружуваше нашите пејачи во текот на целата вечер. Тие пристигнаа еден ден порано од останатите музичари со цел на време да се наместат на сцената, а Кико го искористи престојот за да оствари и настап на приватна забава, една вечер пред концертот.

-Ние пристигнавме еден ден порано со цел да се наместиме тука и сепак бендот си има свои активности околу озвучување, местење инструменти, микрофони и слично. Јас ја немав таа обврска, но моите колеги ја имаа. Така да, јас бев поканет на приватна забава.-истакна Кико, во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Христијан Божинов и Болеро бенд на 7ми декември ќе присуствуваат на предновогодишна забава во Франкфурт, Германија, а после тоа заминуваат на Австралиска турнеја.

Please follow and like us:
Pin Share