Живе Мешуревски и група Кода имаат бројни настапи низ Преспанскиот регион. За следниот период тие најавуваат заеднички видео проект со преработки на стари македонски песни.

Води самостојна музичка кариера, но има и своја група. Живе Мешуревски настапува заедно со група Кода. Тие се добропознати низ Преспанскиот регион како одлични музичари и доста се барани на семејните прослави, но не изостануваат ниту настапите низ локалите во овој регион.
-Со мојот бенд функционираме веќе четири години редовно тука низ Ресен. Најчесто луѓето може да не видат во ресторанот Две Лири, но настапуваме и на различни семејни прослави како свадби, крштевски, родендени и други веселби.-истакна Мешуревски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Откако ќе ја промовира неговата втора песна за која што изминатите денови сними и спот во соработка со ИН Продукција, следно е реализација на заеднички видео проект со група Кода.
-Планираме за брзо време со групата да снимиме околу десетина кавери со стари македонски песни и свадбарски, во најскоро време ќе биде тоа и се надеваме дека видеото ќе биде повторно во соработка со ИН Продукција.-открива Живе, за естрадниот магазин Естрада плус.
Инаку, Живе Мешуревски е студент на Музичката Академија во Скопје, отсек-соло пеење во класата на професорот Горан Начевски.
