Ѓоко Јовиќ сеуште добива позитивни коментари за албумот “Корени”

Please follow and like us:
Pin Share

Иако го промовираше пред извесен период, Ѓоко Јовиќ сеуште добива доста убави коментари за неговиот албум со забавни мелодии. Тој моментално е на одмор со сопругата и дечињата, а по враќањето го чекаат уште многу работни ангажмани и настапи.

Ѓоко Јовиќ кој важи за еден од најпознатите и најдобрите вокали, не само во Македонија туку и пошироко, пред извесен период го промовираше неговиот прв албум со забавни песни кој што е насловен “Корени”. При неодамнешното интервју за ИН ТВ, Јовиќ ни открива какви се коментарите од јавноста и неговите блиски пријатели за овој албум кој што е поразличен од неговите претходни.

-За тој албум ми се навистина едни од повеќето коментари кои што се на повисоко ниво на позитива. Така да, еве користам прилика да си ги поздравам Лазар и Магдалена Цветкоски кои што се едни од најдобрите, нема што да се зборува за нив, самиот народ кажува и мислам дека нема кој не ги познава нив како најдобри автори во Македонија.-изјави Јовиќ, за гледачите на ИН ТВ.

Ѓоко во соработка со ИН Продукција сними спот за песната Мила моја, која што е на српски јазик, а веќе за периодот кој што следува најавува уште еден спот за песната Ѕвезда најсветла, каде што планира како главен лик во видеото да се појави неговата прекрасна сопруга Ивана Јовиќ.

-Периодот е навистина напнат и заедно со мојот бенд Енерџи сме цело време со настапи, преку цела година сме зафатени. Така да, одлучивме и мислам дека ќе биде снимен и другиот спот за Ѕвезда најсветла,  но сеуште размислуваме бидејќи треба да најдеме локации и соодветно време, манекенки и манекени. Мислам дека во тој спот  како главен лик ќе се појави мојата сопруга, но сепак ќе видиме. Тоа е првичниот план, па се надевам дека ќе испадне добра и таа приказна и се ќе биде добро.-додава тој при интервјуто.

Инаку, деновиве Ѓоко, заедно со сопругата и неговите дечиња го користи неговиот летен одмор каде што ги полни батериите за неговите работни ангажмани и настапи кои следуваат по враќањето.

Please follow and like us:
Pin Share