Периодов не застануваат неговите постојани работни ангажмани. Фолкерот Влатко Алексовски е баран најповеќе на броните свадбени и семејни свечености.
-Има многу семејни веселби каде што сум ангажиран. Слободно можам да кажам до декември, до пред Нова година, ретко кога сум слободен. Низ цела Македонија имам настапи, а во меѓувреме мораме да се фокусираме и да работиме и на новит албум, да го завршиме, бидејќи десетина песни се почнати во работа. Некоја чека ремикс, некоја вокали не се пеени. Така да ќе ги завршам до крајот на летото и ќе се фокусираме на видео продукциски дел. Така да минимум три спота ќе направиме, истакнува Влатко.
Неодамна тој направи и видео запис за песната која ја посвети на големиот ракометен шампион Вардар, каде во фолк верзија на познатата негова песна “Сузана” ја отпеа како што вели химната посветена на ракометниот ас, насловена “Напред Вардаре”.
