Тандеми размислуваат за нов видео спот за песната “Не барајме”

Please follow and like us:
Pin Share

Пред извесен период промовираа нова песна “Не барајме”, за која како што најавува фронтменот на групата “Тандеми ” Горан требаше да снимаат видео спот, но не испаднала соодветна прилика. Станува збор за нова авторска песна, која малку по малку веќе си го пронаоѓа местото во музичкиот етер.

-Тоа остана така. Сега ќе видиме, сепак сакаме и за нејзе да направиме спот. Многу интересно песниче е. Многу ми се допаѓа мене лично. Сепак треба форсирање, ако не се исфорсира како што треба, луѓето треба да ја слушнат некаде. Благодарение на ИН тв ние сме секогаш застапени, но кога ќе има застапеност насекаде е многу подобро, истакнува Горан.

Групата “Тандеми” неодамна снимија нов видео запис за нивниот летен хит “Пет до девет е” за кој очекувањата се големи дека песната ќе биде прифатена од публиката. Годинава тие ќе го одбележат и својот голем јубилеј од 20години опстојување на македонската музичка естрада.

Please follow and like us:
Pin Share