Зеки на најрана возраст пројавил љубов кон музиката

Please follow and like us:
Pin Share

Потекнува од музичка фамилија со што не случајно и тој се насочува кон тие води. Зеки Бекировски неодамна веќе го реализираше своето второ музичко парче кое е насловено “Авантура” а станува збор за љубовна приказна. Низ разговорот открива дека неговиот татко е музичар но и тоа од кога се пројавила неговата љубов кон музиката.

-Почнав да свирам некаде од 6 години, тогаш се покажала мојата љубов кон музиката, конкретно кон клавијатурата. Активно почнав да работам од 14,15 години, значи од мал па се до денес, истакнува Зеки.

Секако тој бележи и низа настапи кои дел се во соработка со останати музичари од нашата естрада.

-Секако година и повеќе соработувам со македонската музичка ѕвезда Ален  Хасановиќ. Со него работам година и половина. Работам и со повеќе пејачи но поактивно сум со него. Заедно настапуваме секој викенд во сите градови на Македонија, додава Зеки.

Неодамна Зеки имаше прва блиска соработка на професионален план со ИН продукција, па не го криеше неговото задоволство од сработената реализација, снимањето на неговиот нов спот кој наскоро ќе биде промовиран во рамките на ИН тв.

Please follow and like us:
Pin Share