Сопругата од Ѓоко Јовиќ ќе биде главна манекенка во неговиот нов спот

Please follow and like us:
Pin Share

Штотуку го сними и неодамна се промовираше најновиот спот од Ѓоко Јовиќ за песната “Мила моја”, тој веќе најавува ново снимање на нов спот и песна. И покрај неговите максимални ангажирани настапи во периодов со “Енери бенд”, сепак не ја исклучуваат можноста за повторно ново снимање. Она што како екслкузивно го открива низ нашиот разговор Ѓоко, во следниот спот најавува дека ќе се појави неговата сопруга.

-Одлучивме, мислам дека ќе биде снимен другиот спот за “Ѕвезда најсветла”овие денови, но одлучуваме поточно кога од тоа дали ќе најдеме локации и соодветно време, манекени и манекенки. Мислам дека во тој спот ќе се појави како главна манекенка, мојата сопруга, но сепак ќе видиме. Тоа е првично плански, така да се надевам дека ќе биде во ред и таа приказна, истакнува Ѓоко.

Неодамна Ѓоко сними видео запис за песната “Мила моја” која е со српски текст а станува збор за љубовна балада.

Please follow and like us:
Pin Share