Пол Макартни издава нов албум снимен за време на карантин

Please follow and like us:
Pin Share

Педесет години по неговиот прв соло албум, Пол Макартни ќе го издаде својот нов албум „Мекартни III“ во декември.  

Станува збор за нова колекција песни напишани, свирени и продуцирани токму од него. Албумот е снимен во Сасекс на југот на Англија.

„Поминав еден период во карантин на мојата фарма со семејството и одев секој ден во студио. Морав да работам на филмска музика, и така се случи првата песна. Кога го завршив, се прашував што понатаму “, изјави Макартни.

„Секој ден почнував да го снимам инструментот на кој ја пишував песната и постепено работев на нови слоеви, беше многу забавно. Правев  музика за себе, а не за некоја цел. Правев работи што сакам да ги правам и не знаев дека ќе заврши како албум “, објаснува тој.

Последниот албум Макартни го објави во 2018 година, а последната турнеја ја имаше минатата година.

Please follow and like us:
Pin Share