ЗОРИЦА БРУНЦЛИК ПОВЕЌЕ НЕ ПЕЕ – Пејачката ќе се проба на друго поле

Please follow and like us:
Pin Share

Кризата предизвикана од коронавирусот удри по музичарите од естрадата, па сите сега бараат алтернативен начин за да заработат за живот.

Фолк-пејачката Зорица Брунцлик реши да направи драстичен чекор, и сега таа ќе се испроба како Јутјубер.

Имено, Зорица го најави својот ангажман во авторската емисија „Брунчликовање“, што ќе го започне на ЈуТјуб.

Веќе се снимени пет пилот епизоди, а како што открива пејачката, гледачите наскоро ќе можат да ги видат на нејзиниот официјален канал на Јутјуб.

 – Убаво го дизајниравме целиот проект. Ќе има приказни и песни, многу интересно. Се ќе ставам на каналот на ЈуТјуб, па којзнае, можеби некоја телевизија ќе се интересира и ќе го купи шоуто – вели пејачката, која поради пречката да настапува како порано, реши да се испроба како Јутјубер и да заработува пари додека не дојдат подобри денови за пејачите и нивната работа.

Please follow and like us:
Pin Share