Ден пред годишнината од смртта на Тоше Проески, неговиот пријател и колега кој никогаш не го преболи, Тони Цетински одлучи да се огласи.

Двајцата дури имаа и заедничка соработка, а сега Тони напиша порака која ги расплака сите.
„13 долги години. Некаде утре во ова време не напушти физички, но само физички, брат ми. Не можам да верувам колку многу ни недостасуваш денес и колку е тешко за нас што заминавте прерано. Животот навистина не е фер. Сигурно ме прашуваш како сум и што правам? Плачам, плачам … На пат сум, секако, има одвратен дожд, но твојата насмевка е надеж. Ти си ангел на добрината. Знам дека нè чуваш, исто како што знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сака твојот брат”, напишал Тони.
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска кај Нова Градишка на автопатот Загреб – Липовац, додека имаше само 26 години.
