Милован Секулоски : 2020-та да ја заборавиме што побрзо

Please follow and like us:
Pin Share

Пред извесно време во студиото на ИН Продукција гостуваше Милован Секулоски кој што воедно го претстави неговиот нов Позитив бенд со кој што имаат доста планови за во иднина.

За жал, само што се оформија и започнаа да добиваат бројни ангажмани, истите беа приморани да ги одложат или целосно да ги откажат поради состојбата со коронавирусот.

Еве што истакна Милован за гледачите на естрадниот магазин Естрада плус.

-Од она што можев да го видам откако се дозволи работата по рестораните, можам да кажам дека навистина народот е желен за музика бидејќи годинава некако Охрид беше преполн со туристи од Македонија, домашни гости, така да, беше во рамки на протоколот, но беше навистина весело и интересно после 4-5 неработни месеци.

Инаку, од март месец наваму имавме доста закажани ангажмани со Позитив бенд, за жал испадна така како што испадна, презакажуваа датуми за септември, октомври, но сепак и тие втори датуми се презакажани и не знаеме како ќе биде. Мислам дека догодина ако се нормализира состојбата, би била убава година. Оваа 2020-та година да ја заборавиме што побрзо.-изјави Секулоски во интервјуто за ИН ТВ.

И во овој тежок период за музичарите, Милован работеше на својата музичка кариера и објави две нови песни. “Животот е еден” со која настапи на фестивалот Охридски Трубадури, а во студиото на ИН Продукција ја претстави и “Песна за Велестово”.

 

Please follow and like us:
Pin Share