Македонските музичари, естрадните уметници, ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите го одржаа најавениот протест пред владата на Република Македонија.

На протестот беа присутни над 1000 нивни преставници, кои беа многу посилни и погласни од владините пропишани „55 децибели“ со цел да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства, како и за нивните вработени и нивните фамилии.
Протестот почна со музика од импровизиран ноќен клуб пред Владата. Голем број на музичари и уметници од земјава дојдоа да им дадaт поддршка на своите колеги, кои се засегнати од ситуцијaта. Наум Петрески, Ферус Мустафов, Ванчо Тарабунов, Анита Мицова, Сузана Гавазова, Панчо ДНК, беа само дел од имињата кои беа присутни пред Владата.


По протестот на социјалната мрежа фесјбук се огласи организаторот на мирниот протест, Даниел Сидовски фронтмен на Скопската група Респекти кој напиша:




