Од почетокот на пандемијата, Лени Кравиц живее на Бахамите. Популарниот музичар отпатувал на островот Елеутера мислејќи дека ќе остане само краток период, но веќе 5 и пол месеци престојува таму.

На егзотичниот остров, 56-годишниот пејач сними фотосесија за „Men’s Health“, а светот е одушевен од неговиот одржан и фит изглед.
Кравиц доби море од комплименти за мускулестото тело и многумина коментираа дека изгледа 20 години помладо.
Лени е веган, а најголемиот дел од храната која ја консумира ја одгледува самиот. „Многу внимавам што внесувам и како се грижам за моето тело“ – вели тој.

„Не јадам во 2 часот ноќе. Ако се разбудам и ако сум гладен, пијам вода за да си го наполнам стомакот“ – додава во интервјуто.
„Какво вештерство е ова? Лени не старее веќе 20 години“, „Како овој човек има 56 години?“, „Вечна младост“…пишуваат на постови на Twitter за Лени.
