Цеца ја доби Карлеуша на суд

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е прогласена за невина во Основниот суд во Белград, по приватната тужба поднесена од нејзината колешка – Јелена Карлеуша.

Имено, Карлеуша еднаш изјави дека Цеца Ражнатовиќ стои зад убиството на Зоран Давидовиќ Канда, поради што Цеца поднесе кривична пријава против неа.

За време на главниот претрес, на кој Јелена Карлеуша присуствуваше со нејзините адвокати, како и Цеца, судијата ја праша Цеца дали може да претпостави зошто Јелена Карлеуша изнела такви обвинувања против неа.

Како одговор на прашањето на судијата, Цеца наводно изјавила дека само нарцисоидна и психички пореметена личност може да изјави такво нешто во јавноста.

Нејзината изјава тогаш беше внесена во записникот, а Карлеуша подоцна поднесе приватна кривична тужба. Неколку месеци подоцна се случи судење, кога судот ја ослободи Цеца од обвиненијата по приватната тужба, а Карлеуша има право на жалба на пресудата.

Please follow and like us:
Pin Share