Животна исповед на мајката на Марија Шерифовиќ

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Верица Шерифовиќ својата музичка кариера ја започна во текот на 80тите, а сега важи за една од најдобрите пејачки на народната музика.

Таа сега откри дека родителите не и дозволувале да пее.

„Талентот за пеење го наследив од баба ми. Моите родители не ми дозволуваа да пеам, ма каква црна пејачка. Јас успеав некако да се изборам. Шабан Шаулиќ ме покани на снимање на емисија во Белград. Ми рече дека се снима емисија и дека морам да дојдам. Се сеќавам дека набрзина направив пунџа и тоа беше фантастично“, вели дека таа емисија и го променила животот, а за тоа бил заслужен Шабан Шаулиќ.

„Тоа гостување ми го промени животот. Емисијата требаше да трае 45 минути, а траеше еден час и 45 минути, пеевме само Шабан и јас.“ вели пејачката.

„Пеја тогаш ми рече: Толку млада, а инвалид, сите седеа поради неа“, а ние седевме бидејќи така ни беше позгодно.“ се потсетува Шерифовиќ.

Верица се омажи доста млада за таткото на Марија, Рајко Шерифовиќ.

„Тоа беше голема љубов која траеше 24 години, тоа беше моја прва љубов. Важно е детето што се роди од таа љубов, а тоа е Марија Шерифовиќ“, вели пејачката за „Гламур“.

Please follow and like us:
Pin Share