Хрватската пејачка Јелена Розга ги воодушеви обожавателите со селфи на кое речиси нема воопшто шминка.

Јелена за својот природен изглед доби бројни комплименти, а во коментарите се јавија и некои познати личности како Јелена Карлеуша која ѝ остави емотикони срциња.
„Насмевката носи насмевка“, порача пејачката покрај фотографијата, која за кратко време собра илјадници лајкови на Инстаграм.

