Познатата Македонска песна “Послушајте Патриоти” во изминатиот период имавме можност да ја слушаме од извонредниот вокал на оперскиот пејач Давид Миладинов. Спотот за оваа преработка го работеа неговите соработници од ИН Продукција.

Пред само краток период, младиот оперски пејач Давид Миладинов ја објави неговата најнова преработка за песната “Послушајте Патриоти”. Давид и неговата екипа напорно работеа на оваа песна која што важи за една од најемотивните Македонски патриотски песни. Тие направија нов, модерен аранжман, а одличната изведба на моќниот вокал на Давид допринесе песната да го добие посакуваниот резултат.
– Сметам дека македонското треба да се разбуди малку кај нас. Ние потекнуваме од Република Македонија и треба да ја негуваме македонската песна, имаме доста убава музика. Треба да правиме нови песни, доста гледам на социјалните мрежи препејувани песни од соседството или странски песни затоа ние најпрво треба да гледаме нашите песни да ги промовираме.-вели Миладинов, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Видео записот за “Послушајте Патриоти” е снимен на повеќе локации во Охрид и селото Куратица, во соработка со ИН Продукција.
Давид за изведбата и видеото на оваа песна доби бројни позитивни коментари од јавноста, што за него претставува само уште еден поттик плус, за неговата работа во иднина.
