Авторски песни и кавери на познати хитови најавува Христијан Стојоски

Please follow and like us:
Pin Share

Нови авторски песни, но и неколку кавери на познати македонски хитови најави Христијан Стојоски во интервјуто за ИН ТВ. Тој пред само краток период ја објави неговата нова песна со наслов “Ќе те сакам секогаш”.

Иако пред само краток период промовираше нова авторска песна, младиот и доста талентиран пејач Христијан Стојоски периодов подготвува уште две нови песни на кои тој ќе се потпише како комплетен автор на текстот и музиката.

Како и останатите музичари и Христијан се надева дека во најскоро време ќе им биде дозволено да ги остваруваат нивните вообичаени настапи и дека ќе се вратат на нивната работа со музиката и свирките.

-За овој период, месец август, беше планирана да излезе новата песна Ќе те сакам секогаш”. Септември заедно со мојот бенд планираме да снимиме две преработки на македонски народни песни и останатите месеци како што кажав имам две мои песни кои ги довршувам во моментов. Се надеваме дека до Нова Година ќе излезат уште две песни и тоа е тоа. Очекуваме да ни дозволат пред се, да можеме слободно да си ја работиме работата, да одиме на настапи и свирки како во останатите земји што се дозволени според мерките од Министерството, така да биде и кај нас.-истакна Стојоски, за гледачите на ИН ТВ.

“Ќе те сакам секогаш” беше претставена во студиото  на ИН Продукција, а како и неговите претходни, така и оваа песна е посветена на неговата најголема љубов.

Песната е во помодерен стил, а за истата најавува и снимање на официјално видео.

Please follow and like us:
Pin Share