Кој ги селектира музичарите кои ќе добијат помош од државата?!

Please follow and like us:
Pin Share

Здружението на естрадни уметници на Македонија денес објави дека стартува паричната помош од државата за музичарите.

Според некои извори паричната помош ќе биде во вредност од минимална плата од 14 500 денари, а според некои дека ќе достигне до 500 евра.

Секако, која од овие информации е точна, останува да видиме во наредните денови.

Но, сега прашање е кој го прави тој список, односно кој ги селектира музичарите?

Кој естраден уметник заслужува парична помош, а кој не?

Дали ќе бидат опфатени и музичари кои веќе се вработени во државни институции, дали ќе бидат опфатени музичари кои освен музиката имаат примања од друго место. И тоа останува да видиме.

Дел од музичарите преку социјалните мрежи повикаа на тоа да се објави јавен список преку кој ќе се објават имињата на естрадните уметници кои ќе земат помош од државата. Повеќето од нив со став дека се прават малверзации и местенки за тоа кој да добие финансиска помош.

Please follow and like us:
Pin Share