Добропознато кај јавноста е дека вообичаените настапи на нашите музичари кои периодов требаше да бидат во голем број, се сведени на минимум, а некои воопшто ги немаат.

Пред извесен период во студиото на ИН Продукција гостуваше една од најпознатите фолк пејачки на македонската естрада, Елена Велевска која отворено проговори за моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите, но и за тоа колку македонскиот народ е желен за музика и забава после сите лоши моменти кои ги имаше во изминатиот период поради коронавирусот.
-Публиката ми се чини дека никогаш досега не сум ја доживеала јас дека е пожедна за пеење, за музика, за софра, пиење, за наздравица. Значи, народот сака песна и никој не може да ме убеди дека на народот не му е дојдено до песна. На народот и тоа како му дојдено до песна, до олабавување, да заборави на се што се случи, а тоа сето полесно е кога ќе го пренесеме ние преку песна, ќе ги разнежниме и на тој начин многу е полесно и да си се опуштат со добро вино и убава музика.-истакна Елена во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, фолк дивата пред само краток период го претстави нејзиниот најнов музички проект кој што е во соработка со ИН Продукција. Проектот се состои од сплетови на познати македонски патриотски хитови, но и нејзини авторски песни.
За периодот кој следи Велевска најавува и нова авторска песна во нејзин препознатлив стил.
