Откако ќе ги заврши испитите од оваа сесија на Факултетот за Музичка Уметност, Мирослав Мирчески продолжува со надградување на неговата музичка кариера со нови песни и спотови.

Пред да продолжи со снимањето на новиот материјал, Мирослав Мирчески најпрво ќе се посвети на Факултетот. Тој вели дека овој период додека нема настапи, ќе го искористи да ги дозаврши испитите од оваа сесија. Веднаш потоа започнува со вежбање на гласот и подготовки за следните снимања.
-Моите планови за во иднина се пред се, ова лето да ги досредам работиме околу факултетот. Да го завршиме она што е останато од оваа сесија. Потоа ќе следува надоградување на мојот талент, вежбање, се додека не заврши оваа ситуација во која ги немаме нашите настапи од оправдани причини. И се разбира дека спремам нови песни, нови текстови кои во иднина ќе ги комплетирам и ќе ги претставиме на гледачите да уживаат.-истакна Мирослав во интервјуто за ИН ТВ.

За потсетување, Мирослав беше вториот победник на “Најдобриот на листата”, со што воедно стана добитник на 400 долари од Австралиската ИН Телевизија. Како што ни откри во неодамнешното интервју овие парични средства планира да ги вложи во снимање на нов видео запис за некоја од новите песни кои ги подготвува во моментов.
-Во тој момент кога видов, не ми се веруваше, меѓутоа прва работа која што ми дојде на ум за таа помош е да ја искористам за надоградување на мојата кариера со нов музички производ, заедно со видео запис и екипата на ИН ТВ.-вели тој, за Естрада плус.
Тој пред само краток период промовираше нов спот за одлична песна која потекнува од Пиринскиот дел на Македонија, а носи наслов “Сегде си одел синко”. Спотот се снимаше во Манастирскиот Комплекс на Св. Недела во село Оровник, во соработка со ИН Продукција.
