Елена Велевска пред извесно време гостуваше во емисијата Наша Сцена која се емитува на Сателитската ИН Телевизија. Таа меѓудругото открива дека во периодот кој следи ќе снима дует со нејзината колешка Сузана Гавазова.

Иако многу медиуми во изминатите години ги претставуваа како најголеми ривалки на македонската естрада, двете најпознати фолк пејачки Сузана Гавазова и Елена Велевска подготвуваат заедничко изненадување за нивните фанови. Како што открива Велевска со интервјуто за ИН ТВ, станува збор за дуетска песна, но и уште еден заеднички онлајн концерт.
-Во убави односи сме со Гавазова. Сега преговараме за да најдеме некој убав дует кој што ни прилега на двете. Оставив на неа бидејќи ја бидува за да најде хит. Јас сум малку периодов растрчана и приватно и на повеќе места. Таа има повеќе време и простор за размислување, изминатиот период беше и во Шведска, во контакт сме и телефонски одлучуваме што би било најдобро, од каде да ги најдеме тие песни, па да селектираме кој се ќе влезе во изборот на песни и во најскоро време ќе одбериме. Можеби ќе ви направиме затоа што јав ветив дека уште едно појавување ќе имаме двете и еве нека почне ситуацијата да функционира подобро па ќе се појавиме повторно како гости.-открива Велевска, за естрадниот магазин Естрада плус.

Пред извесно време двете фолк диви специјално за нивната публика која што во тој период беше во карантин поради ситуацијата со коронавирусот одржаа одличен онлајн концерт во живо од домот на Сузана, кој што беше пренесуван на Сателитската ИН Телевизија.
