Кеба има вонбрачна ќерка која ниту ја запозна, ниту ја призна

Please follow and like us:
Pin Share

Популарниот српски фолк пејач Драган Којиќ Кеба повеќе од три децении е во брак со неговата сопруга Оља, во која ги има синот Игор и ќерката Наташа.

Но, пејачот има и друга, вонбраќна ќерка Ина, која ја доби со текстописецот Љиљана Јевремовиќ, а Ина никогаш не ја запознал ниту признал.

Љиљана со години се обидуваше да докаже на суд дека Кеба е татко на нејзината ќерка, затоа што тој никогаш не сакаше да ја признае Ина како свое дете. На крајот, судот пресуди дека Кеба е татко на Ина и дека е должен да плати заостанати алиментации во висина од 100.000 евра.

Кеба се жалеше против оваа одлука, а Љиљана еднаш изјави дека ако пејачот сака да ја запознае Ина, тој нема да добие можност да го стори тоа.

„Мој херој, таа не сака презиме на татко и или валкана слава, не сака богатство, горда и храбра девојка која издржа тони неправди, ги фрли од грбот и продолжува понатаму“, напиша мајката на девојката за една заедничка фотографија.

Ина денес има дваесет и една година и велат дека многу личи на нејзината мајка.

Please follow and like us:
Pin Share