Велевска : Во секој момент очекуваме зелено светло за започнување со работа

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк дивата Елена Велевска гостуваше во студиото на ИН Продукција при што меѓудругото проговори и за моменталната состојба со коронавирусот и бројните одложени и откажани настапи на македонските музичари.

Таа вели дека во секој момент очекува зелено светло од надлежните лица со цел да се продолжи со настапите и со нормално функционирање во нивната работа.

-Чекаме зелено светло, сите сме знам нестрпливи и јас и моите колеги музичарите кои се најоштетени да кажам во целата оваа ситуација бидејќи оние кои што живееме првенствено од музика сме најпогодени и еден ваков период кој што навистина станува долг, значи ова не е период кој трае месец или два туку веќе се четири и пет месеци. Доаѓа и овој период кој најмногу ни значи на сите бидејќи во прашање е период кога си доаѓа дијаспората во Македонија, кога сите се зближуваат со најмилите и сакаат прославите да ги направат заедно со своите најблиски, а вака сето тоа е стопирано и има застој каде што и тие шти сакаат да направат прослави не можат да направат од причина што не можат ни да си дојдат од дијаспората и значи сите сме засегнати. Се надевам за многу брзо ќе помине оваа тешка ситуација и ќе се преброди овој период.-истакна Велевска за гледачите на ИН Телевизија.

Таа во интервјуто додава дека овој тежок период ќе се обиде да го остави зад себе и ќе продолжи понатаму да ужива во животот со убави и позитивни мисли.

Please follow and like us:
Pin Share