Охридски музичари ќе одржат езерски концерт во живо од крајбрежјето на Охридското езеро. Концертот е посветен на еден од членовите на Ансамблот „Билјана”, прерано починатиот Андреј Лаброски, нивниот драг колега.

Едно од најатрактивните места во Охрид, Сараиште е збирното место каде што ќе се одржи овој концерт кој е насловен „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“.
Музичкото дружење е закажано за 16 јули (четврток ) со почеток од 18 часот, а сите кои што ќе сакаат да бидат дел од концертот може да го проследат и да уживаат од пловни објекти, чамци, катамарани, бродови и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Концертот ќе биде пренесуван во живо на Сателитската ИН Телевизија и Регионалната Охридска Телевизија-ТВМ, а ќе може да се проследи и на фејсбук и јутјуб.

Ансамблот „Билјана“ во изминатите години одржуваат бројни концерти, креативни настани и настапи во чест на Андреј, но оваа година тие одлучија да организираат нешто сосема поразлично. Тие најавуваат одличен концерт со бројни изненадувања и ветуваат вистинско уживање во живо од познатото Охридско крајбрежје.
