Првиот добитник на паричната награда од 400 Австралиски долари кои ги доделува сателитската ИН Телевизија е оперскиот пејач Давид Миладинов. Тој победи со преработката на песната “Кога падна на Пирина” за која беше снимен спот во соработка со ИН Продукција.

Оперскиот пејач Давид Миладинов е првиот победник на “Најдобриот на листата” и првиот добитник на 400 Австралиски долари кои ги доделува Единствената Македонска Музичка Телевизија во Австралија, ИН ТВ.
Во конкуренција од 10 изведувачи, Давид ги освои најголемиот број гласови од јавноста која имаше можност да гласа на јавната група на фејбук ИН ТВ Сателитска Телевизија, а на листата конкурираше со преработката на песната “Кога падна на Пирина”.
-Па искрено не очекував дека ќе победам бидејќи имаше доста натпреварувачи, доста изведувачи со повеќе песни, но еве граѓаните гласаа за мене и победив. Кога видов дека водам искрено бев пресреќен и сеуште сум. Им Благодарам многу на гласачите, се надевам дека им се допадна мојата изведба на песната “Кога падна на Пирина”.-истакна Миладинов за естрадниот магазин Естрада плус.

Давид важи за голем професионалец во неговата работа, а периодов со забрзано темпо работи на неговите нови песни. Тој во интервјуто за ИН ТВ открива дека паричната награда ќе ја вложи во неговиот нов проект, односно добиените парични средства ќе ги употреби во снимање на новите спотови.
-Да, размислив, нема да ги потрошам на нешто небитно туку ќе ги вложам повторно во некој проект во нова песна, тоа ми е планот за следниот период. Ви Благодарам многу за наградата, чест ми е што победив. Им посакувам голем успех и многу среќа на останатите пејачи и изведувачи, да се трудат, да работат и успеси да редат.-додаде тој за гледачите на ИН Телевизија.
Викендов на повеќе атрактивни локации низ Охрид, Давид во соработка со ИН Продукција сними два спота. Станува збор за преработка на познатата македонска песна “Послушајте Патриоти”, како и една оперска песна на италијански јазик.
Давид Миладинов важи за еден од најмоќните вокали, не само во Македонија туку и пошироко. За овој извонреден Македонски Оперски пејач во иднина уште многу ќе се слуша.
А додека се објават новите песни, уживајте во одличната изведба на “Кога падна на Пирина” од моќниот глас на Давид!
