(ВИДЕО) “Модерна двојка” е новото оро на Спире и Димитар

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте најновиот видео запис од Димитар Митревски и Спире Јовановски за нивното заедничко оро насловено “Модерна двојка”?!

“Модерна двојка” е новото заедничко оро на двајцата виртуози Димитар Митревски и Спире Јовановски кое што го претставија со одличен видео запис кој што е снимен на повеќе локации низ Охрид, во соработка со ИН Продукција.

Нивната соработка како што велат дошла сосема спонтано, а овие ора се нивна инспирација за реализација на заеднички албум кој што треба да биде комплетиран до крајот на летниот период.

-За да ги комплетираме овие дела ни беше потребно повеќе од една година, кога му се јавив на Спире и му кажав дека имам готово оро да го пробаме и така испадна да снимиме повеќе дела кои ни беа инспирација за цел албум. Ората ги снимивме во студиото Просаунд кај Славко Ристески.-вели Димитар.

Тие за следниот период најавуваат уште четири новокомпонирани музички дела со кои ќе го заокружат нивниот проект.

Инаку, Спире и Димитар зад себе ги имаат ората “Битолско Жикино” и “Маестрална плетенка”, со кои што и започна целата нивна музичка приказна.

Please follow and like us:
Pin Share