Промовиран етно видео запис на Мирослав Мирчески за песната “Сегде си одел синко”

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот видео запис од Мирослав Мирчески за песната која потекнува од Пиринскиот дел на Македонија, а е насловена “Сегде си одел синко”?!

Мирослав Мирчески го промовираше видео записот за песната “Сегде си одел синко” која што потекнува од Пиринскиот дел на Македонија. Видеото се снимаше во прекрасниот манастирски комплекс на Св. Недела во село Оровник, Охрид, а покрај Мирослав се појавуваат и неколку статисти кои одлично си ја одиграа нивната улога.

-Искрено јас сум презадоволен од крајниот резултат, дури испадна и многу подобро од тоа што очекував. Целата замисла околу приказната беше моја, се помина во најдобар ред, екипата на ИН Продукција се погрижи да ми ги исполни моите желби и замисли за да испадне тој етно спот. Мислам дека песната ќе биде добро прифатена. Да бидеме реални ние многу се потрудивме да изгледа максимално професионално, мислам дека ќе биде добро прифатена и дека гледачите ќе уживаат во песната и во нејзиниот етно запис.-истакна Мирчески во интервјуто за ИН ТВ.

Мирослав упати голема благодарност до господинот Крсте Нелоски со неговата фамилија, кои се најзаслужни за реализирањето на овој видео запис бидејќи како што вели тој, тие беа главни иницијатори за спотот и секако благодарност и до сите статисти кои учествуваа во истиот.

Во продолжение погледнете го видеото !

Please follow and like us:
Pin Share