Во најава спектакл од студиото на ИН ТВ во Мелбурн : Концерт во живо на Легато бенд

Please follow and like us:
Pin Share

На 27-ми јуни (сабота) со почеток од 20 часот ќе имате можност да уживате во концертот во живо на Легато бенд од Мелбурн. Нивното музичко шоу ќе биде пренесувано во живо на сателитската ИН Телевизија.

После големото музичко шоу кое што го приреди фолк пејачката Татјана Лазаревска, овој пат свој концерт во живо од студиото на ИН ТВ во Австралија, ќе одржат момците од Легато Бенд од Мелбурн.

Концертот е веќе закажан за 27-ми Јуни (сабота) со почеток од 20 часот, ќе може да го следите на нивните фан страни на фејсбук, а ќе биде пренесуван и во живо на сателитската ИН Телевизија.

Како што дознава екипата на естрадниот магазин Естрада плус на концертот во живо најмногу ќе се пее надалеку познатата македонска песна, но секако дека ќе бидат исполнети и музичките желби на нивните фанови.

Инаку, Легато бенд беа првите македонски музичари кои што снимија проект во новоотвореното студио на ИН ТВ во Мелбурн. Видео проектот се состои од добро одбрани македонски свадбарски и весели песни.

Во неодамнешното интервју за ИН ТВ тие истакнаа дека нивната цел е со овој проект и убавата македонска песна да допрат до срцата на македонците низ целиот свет. Нивната изведба на македонски песни, беше одлично прифатена од јавноста и за целиот проект добија голем број позитивни коментари од нивните блиски пријатели, соработници и фанови.

Легато бенд се добропознати по бројните настапи кои што ги имаат на семејните прослави кај нашинците во Австралија и по свирките низ тамошните македонски локали и ресторани.

Please follow and like us:
Pin Share