Изминатите денови во студиото на ИН Продукција ни гостуваше фолк пејачот Влатко Алексовски. Тој во моментов подготвува вистинско изненадување за неговите фанови.

Влатко Алексовски важи за еден од најбараните фолк пејачи на македонската естрада. Тој е познат по тоа што ја негува македонската народна музика, но овој пат се одлучи за нешто поразлично. Влатко сака да ги изненади неговите фанови со песна во забавен стил.
-Сите ме знаат како фолк пејач, но секогаш на моите настапи во живо преферирам да пеам забавен блок на евергрини, хитови, ју песни, она што е безвременско и никогаш не се заборава, така да, ја сакам многу и забавната музика и по сугестија на многу мои блиски пријатели и соработници, дојдов на идеја да испеам една забавна песна и да се пробам во тие води. Мислам дека одбравме една многу убава љубовна тема која што слободно можам да кажам дека ќе биде нешто досега неотпеано и нечуено, значи нешто ново и мислам дека ќе биде забележано од публиката.-открива Алексовски, во интервјуто за ИН ТВ.

Со оглед на тоа што музичарите знаат да препознаат што и е потребно на јавноста во одреден период, Алексовски се надева дека оваа песна ќе биде одлично прифатена.
-Ние секогаш имаме некое чувство да го препознаеме импулсот на публиката во одредено време што е актуелно и што е потребно на публиката, така да мислам дека и оваа тема ќе биде вистински погодок.-додава пејачот, за Естрада плус.
Влатко изминатите неколку месеци работи на неговиот нов материјал, односно на новите песни за кои што во следниот период ќе бидат снимени и видео записи во соработка со ИН Продукција.
