Мартина Стојчевска подготвува песни со добро одбран тим

Please follow and like us:
Pin Share

Нови авторски песни најавува Мартина Стојчевска, македонка која живее во Шведска. Таа за Естрада плус открива дека песните ќе бидат во соработка со Благојче Стојановски Туше и Ицко Ѓорѓиовски.

Мартина Стојчевска е релативно млада, но доста талентирана пејачка со извонреден глас. Нејзините корени се од Македонија, живее во Шведска, а ја негува македонската песна. Таа одлично ги изведува нашите стари изворни песни, но за следниот период подготвува авторски песни кои ќе бидат во соработка со фолк пејачот Благојче Стојановски Туше и музичарот Ицко Ѓорѓиовски. Стојчевска за естрадниот магазин Естрада плус најавува и спот во соработка со ИН Продукција.

Убаво е што можеме вака онлајн да контактираме и повторно да соработуваме во тоа што уживаме. Јас сега со помош на Туше и Ице Ѓорѓиовски работам на нови песни, за кои се надеваме дека за скоро ќе можеме да ги снимиме во соработка со ИН ТВ Австралија.-истакна Мартина, во онлајн интервју за ИН ТВ.

Добро познато е дека во Шведска, за разлика од Македонија, имаат поблаги мерки на претпазливост поради пандемијата од коронавирусот, но сепак Мартина и нејзиното семејство ги почитуваат мерките и поголемиот дел од денот го поминуваат во нивниот дом. Мартина вели дека овој период го користи за пишување нови песни, цртање, како и свирење гитара.

-Ова тешко време мислам дека не научи да застанеме во животот малку и времето да го користиме со фамилијата. Јас мислам дека ми се врати креативноста и започнав повеќе да пишам песни, да цртам и да свирам гитара. Порано немав време за тоа, но сега мора да си најдеш занимација.-додава Стојчевска за Естрада плус.

Мартина пред извесно време гостуваше во студиото на ИН ТВ, каде што заедно со нејзиниот колега и пријател Ташко Каранфиловски ја претставија дует песната “Се што имам”. Таа вели дека соработката со Таше не запира, а во скоро време ќе реализираат уште неколку заеднички проекти.

Please follow and like us:
Pin Share