Интервал бенд-Нов музички состав на македонската естрада

Please follow and like us:
Pin Share

Интервал бенд се нов музички состав на македонската естрада. Тие од старт започнуваат со работа, ја подготвуваат првата авторска песна.

Прилепчанецот Мартин Стојаноски од неодамна си има и свој бенд. Станува збор за Интервал бенд, состав во кој членуваат… Мартин како вокал и уште четворица искусни музичари. Мирослав Ѓорѓиоски – Тапани, Антонио Стојчески – Саксофон, кларинет, Горан Цветаноски – Клавијатура. Александар Трајкоски – Клавијатура.

Овие карантински денови тие ги искористија да снимат неколку видеа со кавери на познати македонски хитови, со кои што веќе се претставија пред јавноста на социјалните мрежи.

Како што открива Мартин за естрадниот магазин Естрада плус тие веќе работат на нивниот заеднички материјал, односно на првата авторска песна.

Но, додека да ја објават новата песна, уживајте во нивната одлична изведба на песната “Се ми земаш животе”.

Interval band-Se mi zemas zivote

Интервал бенд во живо ја изведуваат песната "Се ми земаш животе"…Уживајте ! 🎶🎶

Gepostet von INTV am Samstag, 16. Mai 2020

Please follow and like us:
Pin Share