Околу целата оваа ситуација со пандемијата на коронавирусот, за тоа како минуваат деновите во карантин и изолација, денес разговаравме со фронтменот на Скопската група Респекти, Даниел Сидовски, во рубриката #карантиндома.

Каде си во моментов и како ти поминуваат деновите во изолација?
– Моментално како и секој совесен граѓанин го почитувам законот и си седам дома во карантин заради Корона Ковид 19 вирусот (хахаххха навика бидејќи 4 години сум дома константно и не шетам многу). Нај искрено да ви кажам ми е чудно бидејќи навиката ми е да сум на настап и да лудувам, некако чудно, празно и не својствено за мене.
Дали ги почитуваш препораките од стручните лица и што практикуваш како превенција од коронавирусот?
– Да, почитувам многу вакви работи, бидејќи се работи за опасност по мојот, а и на милионски човечки животи. Превенција нема конкретна, внесуваме многу течности и овошје и зеленчук заради имунитетот да е на врвно ниво, во спротива ќе те нападне секој обичен грип.
Со што го исполнуваш времето поминато во твојот дом?
– Јас имам многу обврски, небитно дали имаме настапи или не, водам комплетна евиденција за групата што се работи, ќе се работи за свадбите и прославите, и идни планови за да бидеме пред сите секогаш, на прво место е семејството, па фејсбук страниците и фан пејџовите затоа што многу луѓе не се јавуваат на контактот а пишуваат дали сме слободни за дати баш на сајтовите наши, и нормално мал милион сите пропратни дневни обврски кои ми ги нуди целодневието. Вежбам вокално, почнав да вежбам физички дома, бидејќи седењево дома ме бутна кондициски. Претходно игравме редовно фудбал со колеги од естрадата, а сеа трчам по скали од седми до доле и обратно, вежбам склекови, стомачни, трбушњаци, и разни вежби хахахаххах им пеам и лајв навечер на луѓево хахаха Турбо сум!!!
Што најмногу ти недостига во овој период?
– Настапите и групата дефинитивно, фудбалот и комуникацијата во живо со најблиските. Со дечките мои сме многу совесни и не сме се виделе 1 месец за доброто на сите, бидејќи сите имаме мали дечиња.
Што најпрво ќе направиш кога ќе заврши вонредната состојба и кога ќе почнеме нормално да функционираме?
– Најпрво ќе свртам круг до сите роднини и пријатели кои ми фалат за овој период, ќе обавам обврски према домот за се што ни фалело, и ќе биде турбо состаноци со младенците и матурантите на кои им се одложија свадбите и прославите за други дати. Ме чекаат и доста состаноци со газди на локали кои се заинтересирани за викендно лудило со Даниел и Респекти.

Знаеме дека сите ваши настапи се откажани и музичарите претрпеа голема загуба. Колку тоа влијаеше лично кај тебе?
– Да ви кажам искрено, неможам да лажам дека не трпи моето семејство заради ова што се случува со месеци, најмногу психички бидејќи мојата работа си има мнооогу друштвени вибрации со народот, а тоа неможам да им го доловам и се снаоѓав на разни начини да им угодам на сите, а тука трпи семејството нормално, но среќа на сите е што добро помина 2019та година па имам залихи настрана и не осетивме воопшто тегоба. Тек ќе осеќаме ако се продолжи лудилово.
Имаш неколку авторски песни зад себе. Дали ќе изненадиш со нешто ново во иднина, нов музички проект и сл?
– Да, се спремам веќе од ноември месец 2019 за мојот прв солистички деби поп и поп фолк албум, кој требаше да биде готов до крај на мај 2020, но се одложува се, и се поместува за друг датум, а ќе одлучам кога е нај погодно заради останатите закажани термини кои се одложија на прославувачите. Промоцијата ќе биде нешто по специјална, а за тоа ќе ми треба огромна организација и поддршка во која ќе бидете вклучени и вие Естрада Плус – ИН ПРОДУКЦИЈА Охрид, со кој имам 7 години соработка, фактички од самиот мој почеток на кариерата. Апел до секоја фирма, претпријатие или индивидуалец што сака да биде дел од промоцијата на мојот прв албум со спонзорства, нека се обрати на мојот контакт телефон 078 908 396, а за тоа ветувам дека ќе имаат огромен фидбек кроз гледаноста на моите спотови за сите 8 песни.
И за крај, што би им препорачал на читателите на Естрада плус за побрзо да им помине времето во карантин? Филм, музика, друштвена игра?
– Нека бидат послушни кога ќе им се каже нешто, да почитуваат мерки и закони, затоа што не се свесни колку товар ќе носат со себе до крај на животот ако направат фатална грешка заради зголемено его… Без песна не се може, и во војни и во тага и во смеа песната била лек за сечива душа…Слушајте добра одбрана музика, играјте физички друштвени игри (не гејмерски на технологииве), и штета што не ги даваат оние убави стари добри филмови од детството каде немаше убиства, но имаше хумор комедија драма љубов и насмевка на лицата. Ми фали тоа време, денеска се е „КОЈ ПОДОБРО И ПОГЛУПО МОЖЕ“… Читајте ги Естрада Плус и слушајте ги најдобрите Македонски песни на нивниот канал.
