#КарантинДома со Ангел Стојкоски

Please follow and like us:
Pin Share

Во рубриката #КарантинДома денес го имаме младиот пејач Ангел Стојкоски од Струга. Со него разговаравме за првиот викенд во задолжителен карантин, како се снаоѓа и како го исполнува времето во изолација.

Ангел, каде се наоѓаш во моментов и како поминува за тебе првиот викенд во целосен карантин?

Нормално,како и сите совесни луѓе,така и јас се наоѓам во мојот дом,заедно со мојата фамилија. Па целото време гледам да го исполнувам со некакви активности, да бидеме продуктивни и на некој начин да се забавуваме.

Дали ги почитуваш препораките и што практикуваш за заштита и превенција од коронавирусот?

Секако ги почитувам и строго се придржувам до препораките од стручните лица, често миење на раце,лице,дезинфекција,обавезно носам нараквици и маска кога одам во маркет или банка.

Како го исполнуваш времето вo овој период на изолација?

Од мојот дом постојано се слуша музика,пеење и свирење.Најпрво ги извршувам обврските за на факултет,па обавезно определен дел за пеење.Од кога ги завршувам обврските гледам филм и онлине игри со другарите.

Што најпрво би направил откако ќе заврши вонредната состоја и кога ќе започнеме нормално да функционираме?

После оваа тешка состојба, се надевам дека најпрво ќе го завршам и последниот семестар,ќе дипломирам , па со нови сили и да се вратиме на работа. Многу ми недостигаат забавите со моето друштво,студенските денови во Скопје,секако дека настапите и веселата публика,роднините кои живеат подалеку од мене и времето поминато со мојата девојка.

Знаеме дека моменталната ситуација ве погоди доста лошо вас музичарите, откажани се сите ваши настапи, колку влијаеше лично на тебе тоа?

Како за сите естрадни уметници, така и за мене, знаете таква ни е нашата професија,моментално неможе да функционира.. Имав закажано многу настапи посебно во овај велигденски период,па и после тоа, но во моментов е најважно сите да се придржуваме до препораките и да бидеме здрави. Повторно ќе дојдат убави и весели периоди.

Дали ќе изненадиш со нешто ново, подготвуваш нова песна, нов музички проект и слично?

Морам да откријам но само мал дел. Во почетокот на карантинот, додека не бевме навикнати,дојдов до идеа да пишувам песна.Па тоа и го направив.Темата на текстот е печалбарска,а за другото ќе се погрижи Златко Миладиновски. Очекувајте,после овој период.

И за крај, што би им препорачал на читателите на Естрада плус за побрзо да им помине времето во карантин. Филм, музика, друштвена игра?

Драги читатели, најпрво на сите би ви препорачал и би ве замолил да се придржувате до строгите мерки и препораки.Пронајдете го тоа што најмногу ќе ве исполнува и полесно да поминеме преку ова.Додадете македонска музика и се ке биде поубаво. Поздрав од мене, се гледаме за скоро.

 

Ангел денес во живо од неговиот дом ни ја отпеа песната “Како да те преболам”, а неговата изведба погледнете ја во продолжение !

Ангел Стојкоски од #карантиндома ги поздрави гледачите на ИН ТВ со убава песна."Како да те преболам"

Gepostet von INTV am Sonntag, 12. April 2020

Please follow and like us:
Pin Share