Рената Ничовска од “Molika One” периодов седи дома и ги почитува препораките од стручните лица. Таа апелира и до граѓаните да го направат истото со цел побрзо да се справиме со коронавирусот и да можеме конечно слободно да функционираме. Рената и нејзиниот колега Игор Наумовски, гледачите на Естрада плус и ИН ТВ ги поздравија со песна од домашна атмосфера.

Женскиот вокал на бендот “Molika One”, Рената Ничовска се наоѓа во нејзиниот дом и ги следи препораките на стручните лица, кои имаат за цел спречување на понатамошно ширење на коронавирусот. Таа за естрадниот магазин Естрада плус открива како го поминува времето во нејзиниот дом и што е тоа што најмногу и фали во овие денови на изолација.
-Моментално се наоѓам на моето омилено место, а тоа е мојот дом и го пијам моето омилено кафе. Денот го поминувам тука, секако со домашни обврски. Некогаш знам да зготвам нешто, најчесто си гледам филмови и морам да признаам дека секојдневно вежбам. Ретко знае да ми биде досадно бидејќи секогаш си наоѓам некоја занимација, често со групата се вклучуваме лајв на фејсбук и инстаграм да се дружиме со вас се додека не помине ова па да можеме да се дружиме и во живо. Секако дека ми фалат свирки, ми фали сцената, ми фали публиката и едвај чекам да заврши оваа ситуација.-изјави Рената, за гледачите на ИН ТВ.

Рената вели дека е послушна и дека ги почитува препораките дадени од Светската здравствена организација, како и од стручните лица во земјава. Таа апелира до граѓаните да седат дома со цел побрзо надминување на вирусот и лошата состојба која владее во земјава.
Инаку, бендот “Molika One” пред скоро време завршија со подготовките за нивниот нов музички проект кој ќе се состои од музика за сечиј вкус. Сепак поради новонастанатата ситуација со коронавирусот мораше да се одложи промоцијата на истиот.
А додека чекаме да се среди оваа ситуација со пандемијата и вонредната состојба, заедно со овие прекрасни музичари може да уживате и да се дружите на социјалните мрежи бидејќи често знаат да се вклучат во живо и се разбира, ги исполнуваат музичките желби на сите нивни фанови.
Во продолжение уживајте во прекрасната изведба на Рената и Игор !
Рената Ничовска и Игор Наумовски од Molika One пеат за гледачите на Естрада плус и ИН ТВ !Благодариме дечки, прекрасни сте !
Gepostet von INTV am Donnerstag, 2. April 2020
