ДАРКО ЛАЗИЌ ГО ПРЕКРШИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И ДОБИ КАЗНА

Please follow and like us:
Pin Share

Српскиот пејач Дарко Лазиќ го прекршил полицискиот час и поради тоа судот му изрекол казна од 150.000 динари.

Српскиот пејач во саботата вечерта со уште двајца другари, тргнал на пат кон Белград, а полицијата го пресретнала неговото возило. Било утврдено дека тој со себе не носел ниту возачка дозвола.

Како што пренесуваат српските медиуми, Лазиќ се обидел да ги убеди полицајците да не го пријавуваат. Полицијата го спровела на суд, каде судијата му изрекол казната, а Лазиќ се обидел да го убеди судијата големата сума пари да ја плаќа на рати, затоа што во овие моменти е без примања.

Please follow and like us:
Pin Share