Живе Мешуревски во интервју за ИН ТВ вели дека е презадоволен од коментарите на јавноста за песната “Не плаши се”, за која што пред извесен период промовираше и спот кој што го изработи ИН Продукција.

Младиот и талентиран пејач Живе Мешуревски пред извесно време го промовираше спотот за песната “Не плаши се”. При неодамнешното интервју за ИН ТВ, Живе истакна дека е презадоволен од спотот и од тоа како е прифатена песната од јавноста додавајќи дека добил низа позитивни коментари од јавноста.
-Можам да кажам дека сум задоволен, сеуште не ја имам доволно промовирано песната, допрва треба да го направам тоа и да ја промовирам на повеќе телевизии. Па ќе видиме, гледачите ќе кажат, ама досега се задоволни оние кои ја слушнаа песната. Коментарите беа добри, им се допадна песната, очекуваат сега нешто ново и поразлично да снимам, па ќе видиме.-вели Живе во интервју за ИН ТВ.
Тој вели дека голема желба му било да сними спот во неговиот роден крај, а сега неговата желба се исполни со тоа што снимањето на видеото за “Не плаши се” се одвиваше на повеќе локации во Преспанскиот регион.
-Желба ми беше да снимам спот во мојот роден крај, во Преспанскиот крај. Снимивме и во Отешево и Претор, тоа се навистина прекрасни локации. Па супер испадна и се надевам дека и на гледачите им се допадна. Во спотот се појавува Моника, голема благодарност до неа. Морам да кажам дека сум задоволен од соработката со ИН Продукција и секако дека ќе соработуваме и понатаму.-додава младиот пејач, за естрадниот магазин Естрада плус.
Во интервјуто за ИН ТВ, Мешуревски открива дека во моментов е во преговори за нова песна, повторно со познатиот текстописец Борче Нечовски, која што ќе биде во поразличен стил од останатите. Тој најавува и снимање спот за таа песна, надвор од границите на Македонија.
Во продолжение погледнете го спотот !
