Албумот “Велат не нема” од Влатко Миладиноски совршен за деновите во изолација

Please follow and like us:
Pin Share

Албумот “Велат не нема” од Влатко Миладиноски пред извесно време беше промовиран на сателитската ИН Телевизија. На албумот има десет песни, кои што беа работени во изминатите шест години.

Пред извесен период, еден од најпознатите македонски пејачи Влатко Миладиноски, го промовираше неговиот трет студиски албум, на кој носечка песна е “Велат не нема”. Албумот се состои од двд и аудио издание, а на него има десет песни од кои, “Се за тебе Софке”, “Ракија жолта магија”, “Жени ме мамо”, “Кој ти мрси руси коси”, “Ај да ојме Јано”, “Убава Ања” и уште неколку други кои што Влатко ги работеше во изминатите шест години.

-Убаво е тоа што го исполнуваме ветувањето дека откако ќе се вратиме од Австралија ќе го промовираме цд-то и кај вас, еве и тоа се случи. Имаме нов албум “Велат не нема”, тоа се десет песни кои што се збирани во текот на претходните шест години по разни фестивали, дел се обработки, а една има и нова песна исто народна обработка која што ја снимивме за да се најде на цд-то.

Мојот брат Златко е секогаш автор на моите песни во било кој дел. Конкретно на овој албум имаме неколку гости од авторите, насловната “Велат не нема” каде автор на музиката е Тоде Новачески, а Крсте Наумоски-Мечкар го напиша текстот. Имаме уште еден текстописец, Борче Нечовски, имам три текста од Ѓорѓи Калајџиев, еден текст од Драган Матески и “Кој ти мрси руси коси” е стара песна од групата Цар Самоил.-истакна Влатко во неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Тој пред извесен период го промовираше спотот за песната “Се вратив сине”, кој што се снимаше на повеќе локации низ Швајцарија, а дел и на планината Козјак во Македонија. Спотот го изработија неговите соработници од ИН Продукција.

Влатко во интервјуто за ИН ТВ вели дека во следниот период започнува со подготовка на нови песни и лека полека ќе го комплетира и четвртиот албум.

Во продолжение уживајте во спотот за песната  “Се вратив сине” !

Please follow and like us:
Pin Share